Top Sport

Јуве и Наполи во јануари ќе се борат за првиот трофеј

Познати се сите детали за натпреварот во Суперкупот на Италија, во кој актери ќе бидат фудбалерите на Јувентус и Наполи.

33 натпревар во Суперкупот на Италија, ќе се одигра на 20.јануари 2021 година, во Реџо Емилија.

Во минатото овие два клуба два пати се бореле за пехарот во Суперкупот. Пред осум години Јувентус победија 4:2, по продолженијата, а две години подоцна Наполи славеа по изведувањето на пенали.

Наполи досега четири пати се бореле за овој трофеј, успеале два пати да го освојат, додека Јувентус во 15 натпревари, осум пати излегувале како победници.

Scroll to Top