Top Sport

Хабиб му порача на Дена Вајт: Нема да се борам, купив овци, ќе му се посветам на бизнисот

Првиот човек на УФЦ, Дена Вајт, неодамна предизвика големо внимание во јавноста, со изјават дека Хабиб Нурмагомедов ќе ја прекине пензијата.

Дагестанецот, по победата над Џастин Гејџи, објави дека заминува во пензија, бидејќи тоа му го ветил на својот покоен татко.

Вајт од друга страна е уверен дека Хабиб ќе има барем уште една борба.

„Дена вајт и останатите промотири ќе продолжат да зборуваат. За нив најважни се парите и големите настани, но мојата одлука е конечна. Воопшто не размислувам за борбите. Наредната година ќе го завршам факултетот по економија, планирам и дипломска работа. Купив овци, сакам да напредувам во тој бизнис. Веќе имам крави и биволи“, им рекол Нурмагомедов на студентите во Дербент.

Нурмагомедов кариерата ја заврши без пораз, со 29 победи.

Scroll to Top