Top Sport

Јуве им го „крадат“ Кулушевски на Интер за 40 милиони!

Јувентус сакаат да им го „украдат“ Дејан Кулушевски на Интер, откако се подготвени да платат 40 милиони евра на Аталанта, и тој би останал на позајмица во Парма до јуни, објавуваат италијанските медиуми.

19-годишниот шведски репрезентативец со македонско потекло, има сензационална сезона во Серија А со четири гола и 7 асистенции во 17 настапи за Парма и за него се „загреани“ повеќе тимови, од кои се сметаше дека Интер е прв фаворит. Според, „Скај спорт Италија“ и „Ла газета дело спорт“, Јувентус веќе ја „склучил зделката“.

Според нивните извори, Кулушевски, кој настапуваше за младинските македонски репрезентации, веќе се договорил за личните услови, а сега е време Аталанта, која го поседува Швеѓанецот да се согласи. Сумата која Јуве ќе ја даде е 30 милиони евра плус 10 милиони евра во различни бонуси, а би добил договор до јуни 2024 година со 3 милиони евра по сезона.

Јуве исто така ќе дозволи да се испочитува договорот за позајмица со Парма до крајот на сезоната, но и тоа би можело да се смени ако Јуве го пратат Марко Пјаца како замена за Кулушевски.

Scroll to Top