Top Sport

Јуве изненадувачки фаворит за Нејмар, тврдат Бразилците

Јувентус се изненадувачки фаворит за потписот на Нејмар, јавува бразилскиот „Глобоеспорте“, тврдејќи дека „бјанконерите“ веќе пратиле понуда за Бразилецот до Пари Сен-Жермен во зделка која би го однела Пауло Дибала на „Паркот на принцовите“.

Интересот на ПСЖ во Дибала не е тајна, посебно откако тој ги одби Манчестер јунајтед и Тотенхем во текот на летото, додека во исто време Нејмар е очеан за трансфер додека Реал Мадрид и Барселона се „тепаат“ со понуди за нив. Сепак, огромните барања на ПСЖ и понудите на шпанските клубови со замена на играчи засега не вродија плод кај францускиот шампион.

Според шпанскиот „АС“ пак, Јувентус покрај Дибала се подготвени да платат дополнителни 100 милиони евра, со што би се постигнала посакуваната цена од околу 200 милиони евра, приближно до сумата од 222 милиони евра колку пред две лета платија ПСЖ на Барселона.

Преодниот рок во Европа (со исклучок на Англија) завршува на 2 септември, така што има уште време да се наслушаме на други варијанти и понуди.

Scroll to Top