Top Sport

Мустафи заминува во Рома

Рома и Арсенал се договориле околу трансферот на Шкодран Мустафи. Поранешниот германски репрезентативец наредната сезона ќе ја мине во Рома како позајмен играч.

Мустафи стана вишок во Арсенал откако во тимот пристигна Давид Луиз од Челси. Поради тоа челниците на клубот во договор со менаџерот Унаи Емери решија да го испратат на позајмица.

Според „Газета дело Спорт“, по завршувањето на сезоната Рома ќе може да го откуши неговиот договор за 25 милиони евра.

Scroll to Top