Реал Мадрид со едната нога е во полуфиналето на Лигата на шампионите и за тоа навивачите на „Лос бланкос“ мораат да му бидат благодарни на Кристијано Роналдо, кој повторно го покажа своето знаење и својата вредност откако со два гола го „матираше“ Јувентус сред Торино, а Реал си замина со 0:3 победа.
Јувентус одигра еден одличен натпревар и му недостасуваше малку среќа да стави два-три гола во мрежата на Кејлор Навас, меѓутоа, „кралскиот клуб“ си заминува во Шпанија со огромна предност благодарение на „магијата“ на Роналдо, кој веќе има 15 голови во Лигата на шампионите оваа сезона.
„Шокот“ беше направен уште во третата минута, кога по асистенцијата на Иско, Роналдо ја смести топката зад грбот на Буфон. Јувентус го крена нивото на играта и имаше неколку одлични шанси, како во 23. минута, кога само одличната реакција на Навас го спаси Реал.
Притисокот на Јуве продолжи и во второто полувреме, но Роналдо повторно стапи на сцена во 64. минута, со еден од најубавите голови кои ги постигнал во кариерата, кога со „ножички“ покажа зошто изјавата на Буфон дека има „бессони ноќи“ од Португалецот не беше смешна. Голот беше толку добар што дури и навивачите на Јуве му аплаудираа на Роналдо.
THE CRISTIANO RONALDO SHOW. pic.twitter.com/oAhGWBuhlm
— Olayinka (@GalacticoHD) April 3, 2018
Оттогаш сѐ тргна наопаку за „бјанконерите“ – само две минути подоцна Пауло Дибала доби втор жолт картон, а во 72. минута, Роналдо се покажа и како асистент додавајќи му на Марселона за 3:0 и за крај на надежите на Јуве.
Вториот дуел од четврт-финалето беше поинтересен, барем резултатски. Баерн Минхен ја победи Севилја со 1:2 за да најави дека нема да се повтори сензацијата од елиминацијата на Манчестер јунајтед.
На преполниот „Рамон Санчез Писхуан“, домаќините имаа предност, преку Пабло Сарабија, кој прво имаше „легендарно“ промашување, за потоа да го погоди голот во 31. минута. Баерн, сепак, до полувремето ја врати рамнотежата, откако во 37. минута, Навас си постигна автогол.
PARA QUÉ TE TRAJE#ChampionsxFOX Pifia del tamaño del Sánchez Pizjuán de Sarabia frente al marco del Bayern Munich
En FOX Sports y App https://t.co/8VTiBb1qp2 pic.twitter.com/VKoVGECpY2
— FOX Sports MX (@FOXSportsMX) April 3, 2018
Човек на одлука за тимот на Јуп Хајнкес, беше Тијаго Алкантара, откако во 68. минута ја искористи одличната асистенција на Рибери за да го совлада Сорија.
Фото: ЕПА