Јувентус ја зголемиле својата понуда за Мемфис Депај до Барселона, во обид да ги победат Челси за потписот на холандскиот напаѓач, тврдат италијанските медиуми.
Тимот на Макс Алегри бара засилување во нападот по враќањето на Алваро Мората во Атлетико Мадрид, и иако тренерот инсистираше шпанскиот напаѓач да остане, клубот не ја прифати високата цена која ја бараа Атлетико. Депај беше најден како прикладна замена откако Барселона му соопшти на Холанѓанецот да си бара нов клуб, но сега и Челси се заинтересирани за него.
28-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед и Лион, во моментов преговара за раскин на договорот со отштета. Јуве му нудат двегодишен договор со пониска плата од таа која ја нуди Челси.
#Calciomercato | La @juventusfc si avvicina a #Depay, bianconeri attivi anche sul fronte centrocampo: #Rabiot in uscita e accordo con #Paredes per sostituirlo. La situazionehttps://t.co/hghf1Ecf0v
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 12, 2022