Top Sport

Куртоа е прв фаворит за Јашин трофејот

„Франс фудбал“ ги објави и кандидатите за наградата за најдобар голман минатата сезона, Јашин трофејот, во кој белгискиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа е прв фаворит за награата пред Алисон и Едуар Менди.

Минатата година, во првото доделување на наградатаа, Џанлуиџи Донарума беше убедлив победник по победата на Италија на Европското првенство, но овојпат Куртоа е прв фаворит откако беше еден од најзаслужните за 1:0 победата на Реал над Ливерпул во финалето на Лигата на шампиони,

Негови ривали ќе бидат Јасин Буну (Севилја), Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер сити), Мајк Мањан (Милан), Едуар Менди (Челси), Мануел Ноер (Баерн Минхен), Јан Облак (Атлетико Мадрид), Кевин Трап (Ајнтрахт) и Уго Љорис (Тотенхем).

Scroll to Top