Јувентус го предупредиле Манчестер јунајтед да не се обидува да го донесе Пауло Дибала на „Олд Трафорд“, бидејќи Аргентинецот не е на продажба во јануари.
Шпекулациите велат дека дури и Пол Погба, поранешниот клупски колега на Дибала се вклучил во обидот да го убедат да дојде во Премиер лигата, откако 24-годишниот Аргентинец стана прва цел на Јунајтед на местото на Антоан Гризман, за кого повеќе шанси имаат во тимот на Барселона.
Дибала има 14 гола во 18 настапи за „старата дама“ оваа сезона, и дополнителни три асистенции, а неодамна се врати во првиот состав на Макс Алегри, постигнувајќи два гола во 3:1 победата над Верона во прв старт по речиси цел месец.
Шпекулациите во Италија велат дека и Пари Сен-Жермен се подготвени да дадат големи пари за Аргентинецот и дека веќе се сретнале со неговиот брат и агент, Маријано.