Top Sport

Јуве ќе го врати Мората во Атлетико?

Алваро Мората речиси сигурно ќе се врати во Атлетико Мадрид на крајот на сезоната, бидејќи Јувентус планираат да го донесат Серхио Агуеро, Моисе Кин или Мауро Икарди, тврди весникот „Ла стампа“.

Мората пристигна во Торино со позајмица за 10 милиони евра, но „старата дама“ има опција да го заддржи уште една сезона за иста цена, или да плати 45 милиони евра за да го добие на постојан трансфер.

Според „Ла стампа“, Јувентус не се воодушевени од перформанситен а Мората и имаат поинакви цели во текот на летниот преоден рок. Серхио Агуеро може да дојде како слободен играч од Манчестер сити, иако се заинтересирани и други клубови (Арсенал, Барселона), додека Икарди и Кин може да дојдат како „трампа“ со ПСЖ за Пауло Дибала.

Scroll to Top