Top Sport

Њукасл со клучна победа за опстанокот

Њукасл на Стив Брус направи голем чекор кон опстанок во Премиер лигата, откако се врати за 2:1 победа на гости кај Барнли за да се одвои на шест поени пред Фулам на првото место кое води во Чемпионшип.

Матеј Видра ги донесе Барнли во водство во 18. минута од мечот, но во второто полувреме за само пет минути гостите успеаја да направат пресврт. Џејкоб Марфи израмни во 59. минута, пред Алан Сен-Максимен со убав гол во 64. минута да ја оствари само осмата победа на Њукасл оваа сезона.

Сега, Њукасл остануваат на 17. место на табелата со 32 поени, шест пред Фулам, и со ист број на поени како 16-пласираниот Брајтон. И Барнли е блиску – на 15. место со 33 поени.

Scroll to Top