Top Sport

Јуве ќе мораат да ја подобрат понудата за Костиќ

Ајнтрахт Франкфурт им порачале на Јувентус дека мора да дадат подобра понуда за нивното крило, Филип Костиќ, бидејќи во спротивност тој ќе остане во Бундеслигата, тврди „Тутоспорт“.

„Бјанконерите“ подолго време работат на потенцијалниот трансфер на 28-годишниот српски репрезентативец, со кого веќе наводно се договориле за личните услови со годишна плата од 3.5 милиони евра и тригодишен договор. Меѓутоа, понудата од 12 милиони евра плус бонуси не била доволна да се убеди шампионот од Лига Европа да се предаде од Србинот, кој не играше при вчерашното отварање на Бундеслигата, во кој неговиот клуб загуби со 1:6 од Баерн Минхен.

Бундеслигашот бара барем 20 милиони евра.

Scroll to Top