Top Sport

Вест хем биле изненадени што Лингард го избрал Нотингем

Менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс признава дека бил изненаден откако поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард ја одбил нивната понуда и наместо тоа се решил да ја продолжи кариерата со новиот прволигаш Нотингем форест, кои му понудија плата од 120.000 фунти неделно.

29-годишниот Лингард пред две сезони одигра половина година во Вест хем како позајмен играч, постигнувајќи 9 гола и помагајќи „чеканите“ да се пласираат во Европа, и по крајот на договорот со Јунајтед се веруваше дека тие повторно ќе се најдобрата опција за него. Но, Лингард се реши да отфрли шанса да игра европски фудбал за да потпише едногодишен договор со Форест.

„Да, секако бев изненаден. Мислев дека Џеси ќе заврши кај нас и морам да посочам дека клубот му даде навистина добр понуда. Газдите на клубот направија многу да го донесат во Лондон, но поради некоја причина тоа не се случи“, вели Мојс, кој оваа година ги доби Џанлука Скамака, Алфонс Ареол, Најеф Агуер и Максвел Корне во тимот од Лондон.

Scroll to Top