Top Sport

Јуве ќе му го позајми Кулушевски на Милан?

Според „Калчомеркато“, Јувентус го понудиле Дејан Кулушевски на позајмица во Милан до крајот на сезоната, откако тој одбил да замине во Евертон.

Според нивните извори Јувентус не сакаат да го продадат шведскиот репрезентативец со македонско потекло, туку само да го дадат позајмица, но „росонерите“ би сакале да имаат и опција за купување на крајот на сезоната.

Откако блесна на позајмицата во Парма, Јувентус го купија Кулушевски од Аталанта во јануари 2020 за 35 милиони евра, но тој немаше најдобри партии во Торино, играјќи на различни позиции под различни тренери. 21-годишниот Кулушевски има 2 гола и 3 асистенции оваа сезона во 27 меча, од кои повеќето ги стартуваше од клупата.

Во Милан, тој би го имал за ментор колегата од репрезентацијата, Златан Ибрахимовиќ и би го заменил Саму Кастилехо, кој е пред заминување.

Scroll to Top