Јувентус се многу блиску до договарање на продолжување на престојот на капитенот Џорџо Кјелини на „Алијанц“ стадионот, тврди весникот „Ла газета дело спорт“.
Според нив, „ББЦ“ на Јувентус – Џанлуиџи Буфон, Леонардо Бонучи и Кјелини уште се сметаат за ’рбет на својот тим. Договорите на Буфон и Кјелини истакуваат на крајот на сезоната, а претходно беше јавено дека 42-годишниот Буфон веќе се согласил да остане во Торино и следната сезона, а сега „Газета“ тврди дека се чека само да се официјализира соработката со Кјелини.
Дефанзивецот доби сериозна повреда на коленото на првиот меч од сезоната 2019/20, но неодамна се врати на терените пред да е суспендира сезоната поради корона вирусот. Тој одигра три натпревари и постигна еден гол, за да го реши мечот против Парма.