Според „Газета дело спорт“, трансферот на Матео Дармијан од Манчестер јунајтед во Јувентус е завршена работа, по што „бјанконерите“ ќе го пратат Леонардо Спинацола во Болоња.
Според весникот, Јунајтед ќе го пратат Дармијан во Торино на шестмесечна позајмица за 3 милиони евра, со опција да го откупат договорот летото за 8 милиони евра. Дармијан има договор со клубот до 2020 година, но не добива шанси во Премиер лигата.
Досега, Јуве, Наполи и Интер беа заинтересирани за да го вратат Италијанецот „дома“, но Јунајтед постојано бараа околу 10 милиони евра.
Фото: ЕПА