Top Sport

Тотенхем во 93. минута победи кај Фулам (видео)

Мини-лондонското дерби помеѓу Фулам и Тотенхем донесе интересна игра во која фаворитите се вратија за победа од 2:1 во 93. минута.

Фулам дојде во водство рано, уште во 17. минута кога Фернандо Љоренте си постигна автогол, и Спарси чекаа на израмнување до 55. минута, кога Деле Али доби совршена топка од Кристијан Ериксен.

Кога се мислеше дека мечот ќе заврши така, Хери Винкс во 93. минута налета на додавање од Н’Куду за важни три поени за Тотенхем. Со победата, тимот на Маурисио Почетино остана третото место на пет поени од Манчестер сити (51-55) и девет поени зад лидерот Ливерпул. Фулам се претпоследни со 14 поени, на седум поени од зоната за испаѓање.

Scroll to Top