Top Sport

Јуве, конечно, се откажаа од Ди Марија

Јувентус се откажале од можноста да го ангажираат Анхел ди Марија, откако Аргентинецот уште не им дал конечен одговор на нивната понуа, тврди „Ла газета дело спорт“.

Јуве уште пред еден месец дале понуда за поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, откако му заврши договорот со Пари Сен-Жермен, но тој им вратил дека треба да се советува со своето семејство, по што се шпекулира дека чекал понуда од Барселона.

Наместо Ди Марија, којима 34 години и кој сака само едногодишен договор, Јувентус ќе се фокусираат на трансферот на Доменико Берарди од Сасуоло, кој чини над 30 милиони евра.

Scroll to Top