Top Sport

Јуве му порача на Роналдо да се врати во Италија до недела?

Јувентус му порачал на Кристијано Роналдо и на другите фудбалери кои се во странство, до недела, 19 април да се вратат во Торино, тврди италијанскиот весник „Ла република“, бидејќи од понеделник треба да им почне двенеделната изолација, по која потенцијално би почнале тренинзите и подготовките за рестарт на сезоната во мај.

Роналдо замина за Португалија откако неговата мајка Долорес имаше мозочен удар, по што ја продолжи изолацијата за време на кризата со корона вирусот на неговиот роден остров Мадеира, од каде често преку социјалните мрежи ги известуваше фановите за својата активност. Тоа предизвика доста критики, делумно од италијанските медиуми, но и од локалните власти во Мадеира.

Освен Роналдо, надвор од Италија се уште неколку членови на „бјанконерите“ – Даглас Коста, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира.

 

View this post on Instagram

 

We wish a Happy Easter to everyone ?❤️? #stayhome

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top