Top Sport

Јуве не е „мртов“ – голема победа над Интер во „Дерби д’Италија“

По испаѓањето во Лигата на шампионите и потпросечниот старт на сезоната, Јувентус, конечно, се „разбуди“ на најголемата можна сцена, добивајќи го Интер со 2:0 за да се искачат на петтото место на табелата во Серија А, со големи 10 поени заостанување зад лидерот Наполи, но сега на само два поени од топ 4 пласман.

Ова е четврта победа во низа во домашниот шампионат за тимот на Макс Алегри и во исто време става крај на исто толку долгата серија на победи на „нераѕурите“, кои имаа повеќе од поседот на топката и ударите на гол, но не ги искористија своите шанси за нов пораз на Симоне Инзаги во големите дербија оваа сезона.

Резултатот го отвори Адриен Рабио во 52. минута од мечот за важно водство по асистенција на Филип Костиќ, пред Данило да постигне уште еден гол 11 минути подоцна, иако му беше поништен поради играње со рака по (пре)долгата проверка преку ВАР системот. Интер одговори со напаѓачка игра, но беше казнет во 84. минута, кога Костиќ повторно асистираше, овојпат до Николо Фаџоли за 2:0.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top