Италијанскиот шампион Јувентус е ослободен од обвинувањата за трансферот на Пол Погба во Манчестер јунајтед, одлучи ФИФА.
Во мај, Светската фудбалска федерација објави дека го истражува тогашниот рекорден трансфер од 100 милиони евра со кој француската ѕвезда се врати во Премиер лигата. Во јуни тие ги отфрлија обвинувањата за Јувентус, но продолжи истрагата за Јувентус по тврдењата дека договорот на тимот од Серија А со агентот Мино Рајола ги нарушило правата за сопственост на трето лице.
„Дисциплинската комисија на ФИФА реши да ги отфрли сите обвинувања за Јувентус околу трансферот на Пол Погба бидејќи нема доволно докази дека се прекршиле правилата. Сепак, дисциплинската комисија посочува дека е важно да се заштити независноста на клубовите и играчите за трансферите“, се вели во соопшението на ФИФА.