Top Sport

Јуве не се „сопнува“ – рутинска победа над Лече (видео)

Јувентус не дозволува пропусти во трката за скудетото, откако на „Алијанц стадионот“ во осум минути во второто полувреме го решија победникот во 4:0 триумфот над Лече.

Откако во првото полувреме беа исфрустрирани со пропуштање на две стоотстотни шанси, „бјанконерите“ заминаа на полувреме со 0:0. Адриен Рабио имаше одличен удар во првото полувреме, додека Кристијано Роналдо пропушти фантастична шанса од два метри, а Федерико Бернардески исто така имаше одлична шанса.

Лече останаа со 10 играчи по црвениот картон на Фабио Лучони во 32. минута, пред конечно во второто полувреме домаќините да го скршат отпорот.

Пауло Дибала во 53. минута ја продолжи својата голгетерска серија со фантастичен гол од работ на шестнаесетникот, а во 61. минута, повторно од пенал, Кристијано Роналдо не згреши за 2:0.

Гонзало Игуаин го прослави своето враќање во составот со гол во 84. минута по супер-додавањето со петица на Роналдо, пред само две минути Матијс де Лихт да ги постави конечните 4:0.

Со победата, Јувентус скокна на 7 поени разлика од второпласираниот Лацио, кој утре ја пречекува Фиорентина.

Scroll to Top