Неколку месеци, без успех, Јувентус води преговори со Паоло Дибала околку новиот договор. Финансискиот дел е проблемот, поради кој 27-годишникот, со голема веројатност ќе го напушти клубот.
Јувентус на Аргентинецот му нудат годишна плата од 10.000.000 евра, тој и неговиот менаџер бараат 5.000.000 евра повеќе.
Италијанските медиуми тврдат дека Јуве нема да издвои толку пари за договорот на Дибала.
Дибала за 40.000.000 евра во 2015 година од палермо се пресели во Јувентус. Актуелниот договор му истекува во јуни 2022 година.
Доколу не постигнат договор, летово Дибала би можел да замине од клубот. Интерес за него постои кај ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.