Top Sport

Јуве одговорија на новите обвиненија за „маневрите при исплатата“

Јувентус и официјално одговорија по вестите дека обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) ја завршил истрагата за таканачените „маневри при исплатата“, по што им се заканува нова казна, потенцијално со дополнителни одземања на поени.

Јуве веќе доби казна од 15 поени за вештачко зголемување на цените на трансферите за да прикажат поголем профит, одлука на која се жалеа, за што ќе добијат одговор на 19 април. Овојпат се работи за посебен случај, за прекршување на одделот 4.1 од спортскиот код околу ферплеј и спортска лојаност. Поточно се работи за ситуација во која клубот им исплаќал на фудбалерите преку спонзорски договори, а официјално објавија дека тие се согласиле за намалување на платите поради пандемијата на КОВИД-19.

„Јувентус смета дека коректно постапуваше по сите интернационални стандарди, и дека не ги прекрши правилата за спортска лојалност. Ние ги доставивме сите потребни документи за истрагата и веруваме дека ќе дојде до фер одлука“, се вели во објавата на Јувентус.

Scroll to Top