Top Sport

Јуве оптимисти за враќање на 15-те одземени поени поради „процедурална грешка“

Во Јувентус постои оптимизам дека имаат големи шанси да ја добијат жалбата за одземање на 15 поени во Серија А оваа сезона поради „процедурална грешка“, тврди „Ла газета дело спорт“.

„Старата дама“ беше казнета по истрагата за финансиските малверзации, вклучувајќи погрешно пријавување на вредноста на трансферите за да се прикаже дека се во подобра финансиска состојба. Според „Газета“, адвокатите на Јувентус по добивањето на целосната документација за случајот имаат адут во процедуралните детали, односно кои документи се „застарени“.

ЦОВИСОЦ, Италијанскиот борд за супервизија во професионалните клубови, на 14 април 2021 година побарале од обвинителот на италијанската федерација (ФИГЦ) околу „напумпаните“ цени за трансферите. Адвокатите на Јувентус би можеле да тврдат бидејќи истрагата почнала на 21 април, обвинителите имале амо 60 дена да ја спроведат истрагата, што значи дека сите документи обезбедени по 14 јули не би требало да бидат прифатени.

Scroll to Top