Top Sport

Линекер ги спореди британските власти со нацистите и предизвика скандал

Легендарниот поранешен англиски напаѓач, а сега ТВ-коментатор, Гери Линекер се најде сред политичка битка во Велика Британија, откако ги спореди новите закони за азил во Велика Британија со тие во нацистичка Германија.

Во дискусија на Твитер, Линекер го критикуваше планот на министерката за внатрешни работи, Суела Брејвермен за сопирање на бродови со имигранти на Ла Манп.

„Нема голем прилив на азиланти и имигранти. Ние примаме далеку помалку бегалци од другите европски земји. Ова е сурова политика насочена кон најранливите луѓе со јазик каков што се користеше во Германија во 1930-тите“, напиша Линекер.

Заменикот претседател на Конзервативната партија, Ли Андерсон остро го нападна Линекер.

„Ова само покажува колку овие преплатени ѕвезди се надвор од реалноста. Наместо да дели лекции, господин Линекер треба да продолжи да чита фудбалски резултати и да продава чипс“, напиша Андерсон.

Scroll to Top