Top Sport

Јуве платија 26 милиони евра за Ромеро

Јувентус го комплетираа трансферот вреден 26 милиони евра за 21-годишниот дефанзивец на Џенова, Кристијан Ромеро, кој сепак, нема веднаш да заигра во Торино, туку ќе остане уште една сезона со Грифоне како позајмен фудбалер.

Поранешниот младински аргентински репрезентативец дојде во Џенова од својот клуб од детството Белграно минатата година за 1.7 милиони евра, но по 27 настапи во Серија А Јуве проценија дека се работи за вистински талент.

Тој е втор млад централен бек кој го купуваат Јувентус, по 21-годишниот Турчин Мерих Демирел, а Јуве според холандските медиуми одбраната ќе ја засили и со Матијс де Лихт за 70 милиони евра.

Scroll to Top