Top Sport

Јуве почнаа преговори со Ди Марија

Јувентус контактирале со агентите на Анхел ди Марија во обид да го донесат аргентинскиот напаѓач на Пари Сен-Жермен како слободен играч во текот на летниот преоден рок.

Договорот на Ди Марија со ПСЖ завршува на крајот на сезоната и сигурно нема да биде продолжен, со што тој е слободен да си побара нов клуб. „Бјанконерите“, пак, се обидувааат да најдат замен за Пауло Дибала.

Според „Скај спорт Италија“, 34-годишниот Ди Марија би се согласил на едногодишен или двогодишен договор, бидејќи планира да ја заврши кариерата во родната земја. Тој има 26 настапи оваа сезона, но само 3 гола и 7 асистенции.

Scroll to Top