Top Sport

Рубљов „удри“ по Вимблдон: Зошто не ги донираа парите за тие кои страдаат?

Светскиот рекет број 8, Русинот Андреј Рубљов се пласираше во четврт-финалето на Србија опен во Белград, по што проговори за одлуката на Вимблдон да не дозволи настап на руските и белоруските тенисери на најелитниот тениски турнир на светот, велејќи дека се работи за дискриминација.

Рубљов беше еден од ретките руски спортисти кои пратија порака за мир по почетокот на војната во Украина, но сега вели дека ситуацијата е многу покомпликувана.

„Во мојата позиција, по целиот притисок кој го имам, не постои вистински одговор. Ќе го кажам тоа што ми е на срцето. Еднаш кажав што мислам за ситуацијата. Јас не сум политичар, не знам ништо за вестите, не ги следам, бидејќи работам напорно да играм тенис. Тоа е мојата работа. Ја добивме одлуката на Вимблдон и во неа нема многу логика. Би сфатил суспензијата на руските тенисери да смени нешто во светот, но тоа нема да се случи. Ова е дискриминација кон руските тенисери. Англичаните промовираат слобода на говорот, демократија и тоа ќе имаше смисла да ни дадеа избор дали сакаме да играме. Или да има опција цел награден фонд да го доделат во хуманитарни цели и на семејствата на тие кои страдаат во таа војна, тоа ќе покажеше дека англиската влада сака мир и да помогне. Наградниот фонд оди до милион фунти, што е огромна сума. Така би станале славни. Јас сакам само да играм тенис, не ме интересира политика. Да, Русин сум и роден сум во Русија. Само сакам да покажам дека ние сме добри луѓе“, додава Рубљов.

Scroll to Top