Јувентус подготвуваат големи промени во тимот ова лето, и планираат со Пеп Гвардиола да ја бркаат титулата од Лигата на шампионите со голем буџет и со прво засилување со феноменот на Бенфика, Жоао Феликс, тврди италијанскиот „Спорт Медијасет“.
Првиот човек на Манчестер сити ќе биде замена за Масимилијано Алегри, за кого веќе неколку пати се шпекулираше дека се работи за негова последна сезона на чело на „старата дама“ и по шпекулациите дека за малку ќе си дал оставка пред мечот со Наполи во неделата.
Иако поранешниот фудбалер на „бјанконерите“, Зинедин Зидан беше споменуван како големо име поврзано со Јуве, семејството Ањели смета дека италијанските шампиони се подготвени за адаптација на фудбалската филозофија со стилот на Гвардиола.
48-годишниот Каталонец ќе биде тешко да се убеди да замине од долгорочниот проект Сити, со кои има договор до 2021 година и плата од 23 милиони евра годишна. Јувентус се подготвени да дојдат со иста плата ако победат во Серија А и во Лигата на шампионите оваа сезона.
Според „Спорт Медијасет“, братот на Гвардиола, Пере, веќе имал состанок со директорите на Јувентус во Торино и Милано. Тие веднаш му го ветиле првото засилување, Жоао Феликс од Бенфика, за кој многу е заинтересиран и Манчестер јунајтед.