Top Sport

Јуве потврди – Роналдо има мака со скочниот зглоб

Кристијано Роналдо ќе мора да оди на тестови за повредата на скочниот зглоб пред саботното дерби во Серија А со Наполи, потврдија од Јувентус.

Во објавата на клубот се вели дека на денешниот тренинг, Даглас Кошта и Роналдо работеле посебно од остатокот на тимот, и денеска или утре Португалецот ќе мора да оди на тестирање на левиот скочен зглоб по кој доби удар во мечот со Болоња.

Од друга страна, Емре Џан и Миралем Пјаниќ се вратија на редовни тренинзи, додека Сами Кедира уште отсуствува по операцијата на срцето.

Scroll to Top