Top Sport

Вујо и Железничар повторно подобри од Металург

Веселин Вујовиќ и неговите Железничар не дозволија Металург да го заддржи осмото место во регионалната СЕХА лига, откако во Ниш, српскиот тим дојде до тешко извојувана 27:25 (16:13) победа.

По израмнетиот старт и водството на Металург од 7:6, тимот влезе во лоша серија и дозволи Железничар да стигне до 12:8 водство, за на полувреме да отиде со три гола предност (16:13).  Домашниот тим успеа да ја оддржи оваа предност до финишот на мечот, кога момците на Данило Брестовац успеаја да се доближат на гол разлика (24:23), но победата и пресврт како на гостувањето кај Стеауа Букуреште на крајот беше недостижна.

Марио Танкоски и Димитар Димитриоски имаа по четири гола за Металург, додека најефикасен за Железничар беше Предраг Вејин со пет гола.

Со ова, Металург останува на три победи во СЕХА лигата оваа сезона и паѓа на претпоследното место на табелата со 10 бода, шест повеќе од фенерџијата Извиѓач, додека Железничар сега е осми со 12 поени.

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top