Јувентус предводен од Душан Влаховиќ со тешка мака ги освои трите бода во Емполи. „Старата дама“, десеткувана од големиот број на повредени играчи, забележа победа од 2:3.
Влаховиќ со два гола му пресуди на Емполи. Србинот го совлада Викарио во втората минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме и во 66.минута.
Претходно, Кин во 32.минута му обезбеди водство на Јувентус, кое го поништи Зукровски. По двата гола на Влаховиќ, неизвесноста ја врати Ламантија во 76.минута.
Јувентус по 27.рунди се наоѓа на четвртото место со 50 поени, седум помалку од лидерот Милан.