Top Sport

Јуве прифати 70 милиони од Тотенхем за Дибала, се чека негова согласност?

Новинарот на италијански „Скај“, Џанлука ди Марко носи спектакуларна вест. Тотенхем понудиле 70 милиони евра за Аргентинецот од Јувентус, Пауло Дибала, сега се чека одлуката на фудбалерот.

Инаку „Спарси“ тие 70 милиони евра многу лесно би можеле да ги заработат, доколку го продадат Кристијан Ериксен за кого најзагреан е Реал Мадрид.

Навивачите на Тотенхем, тим кој цели два преодни рока не доведе ниту едно засилување, се нетрпеливи. Непосредно пред да стигне веста поврзана за Дибала, се пласираше веста дека тренерот Покетино го убедил Бразилецот Фелипе Кутињо од Барса да не оди во Арсенал, туку да дојде на позајмица во Тотенхем.

Тотенхем е заинтересиран и за капитенот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш кој речиси беше пред потпис со Манчестер Јунајтед, но…

Преодниот рок во Англија завршува во четврток, во 18 часот по средноевропско време, а дотогаш се е можно.

Scroll to Top