Top Sport

Јуве сакаат да му ја скратат платата на Погба

Јувентус планираат преговори со Пол Погба за нови услови во неговиот договор, односно сакаат да му ја намалат високата плата поради тоа што не ги исполни очекувањата по враќањето во клубот од Торино, тврди „Калчомеркато“.

Погба се врати во Јуве во летото 2022 по крајот на договорот со Манчестер јунајтед, и од него се очекуваше (пре)многу, но повредите го направија своето. Тој прво мораше да оди на операција на коленото, па кога се врати на терените, се повреди во првиот меч и уште нема заиграно во новата сезона. И покрај ова, тој остануваа миленик на дел од навивачите на „бјанконерите“, кои се потсетуваат на неговата форм пред трансферот во Јунајтед во 2016 година.

30-годишниот Погба, кој има 11 настапи за клубот во последните 12 месеци, а добива годишна плата од 8 милиони евра. Според „Калчомеркато“, новиот спортски директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли веќе закажал состанок со агентката на Погба, Рафаела Пимента на кој ќе биде побарано договорот да биде променет така што Погба би добивал 8 милиони евра, но тие би биле достапни само со низа услови според перформансите.

Scroll to Top