Top Sport

(Видео) Порто бара поништување на мечот откако судијата користеше мобилен телефон за ВАР-проверка

Порто официјално побараа поништување на ремито со Ароуса во неделата, откако судијата на мечот користеше мобилен телефон да провери потенцијален пенал.

При 1:0 водство на Арауса во 90. минута, судијата Мигуел Ногуеира досуди пенал за Порто, но побара и ВАР-проверка. Откако не успеа да комуницира со ВАР-собата, му беше даден мобилен телефон со кој зборуваше со ВАР-судиите, и иако не ги погледна снимките на својот екран, ја смени својата одлука и не досуди пенал.

Сојузот на судии во Португалија тврдеше дека ова се случило бидејќи снемало струја на стадионот на Порто, „Драгао“, но клубот го демантира ова и тврди дека техничарите не ги поврзале исправно каблите. Порто успеа да спаси реми преку Еванилсон во самиот финиш на мечот, три минути откако беше досуден пенал за Порто, а обидот на Вендерсон Жалено беше одбранет.

Scroll to Top