Top Sport

Јуве само со реми против Нант, гол-шоу на Баер и Монако

Јувентус не успеа да направи предност во првиот меч од баражот во Лига Европа, одигрувајќи само 1:1 со Нант на „Алијанц стадионот“, додека Баер Леверкузен на Чаби Алонсо во супер-интересен меч загубија со 2:3 од уште еден француски прволигаш, Монако.

Работите почнаа одлично за тимот на Макс Алегри, откако Федерико Киеза уште во 13. минута успеа да го пронајде Душан Влаховиќ за рано водство. „Старата дама“ не успеа да ги искористи бројните шанси пред голот на гостите во првото полувреме, по што во 60. минута следуваше казната кога Лудовик Блас израмни и осигура позитивен резултат за неговиот тим пред реваншот за една недела.

И тука не помина без контроверзи, откако Јувентус сметаа дека се оштетени што не беше досуден пенал за нив во 96. минута од мечот по играње со рака во шестнаесетникот.

Во Германија, Монако дојде во водство по само девет минути игра по катастрофалната грешка на голманот Лукаш Храдецки, но изгледаше дека бундеслигашот ја осигурил победата кога Дијаби во 48. минута и Вирц во 59. минута стрелаа за Баер. Монако израмни  со голот на Крепин Дијата во 74. минута од мечот, пред Аксел Дисаси во 92. минута да ја осигура гостинската победа.

Севилја стигна до убедлив 3:0 триумф над ПСВ Ајндховен, додека Спортинг Лисабон одигра само 1:1 против данскиот Митјиланд.

Во Конференциската лига пак, Лацио, иако играше со 10 играчи од 15-тата минута по црвениот картон за Патрик, стигна до 1:0 побед над романскиот Клуж, благодарение на голот на капитенот Чиро Имобиле во финишот на првото полувреме. Српски Партизан, пак, се враќа со победа од гостувањето во Молдавија кај Шериф од 0:1, благодарение на голот на Рикардо Гомеш.

ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, 1.МЕЧ
Баер Леверкузен – Монако 2:3
Јувентус – Нант 1:1
Севилја – ПСВ Ајндховен 3:0
Спортинг Лисабон – Митјиланд 1:1

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, 1.МЕЧ
АЕК Ларнака – Днпиро-1 1:0
Лацио – ЦФР Клуж 1:0
Лудогорец – Андерлехт 1:0
Шериф Тираспол – Партизан 0:1

Scroll to Top