Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, нема да стане ново засилување за Јувентус, кој се откажа од трансферот на аргентинскиот репрезентативец бидејќи неговата понуда од 10 милиони евра беше одбиена.
Астон Вила се договори за трансфер на голманот на Парма, Зајон Сузуки, што Јувентус го препозна како можност, за малку пари да го потпише 33-годишникот.
„Златната ракавица“ на Светското првенство во 2022 година беше на радарот на клубот од Торино претходно во текот на летото, но дури и тогаш Вила одлучи да не го продаде на „Старата дама“ поради несоодветна понуда.
Мартинез е член на Вила од 2020 година, а оттогаш одигра 213 натпревари за клубот од Бирмингем само во Премиер лигата, на 60 од нив не прими гол.
Претходно 33-годишникот беше член на Арсенал, Рединг, Хетафе, Вулверхемптон, Ротерам, Шефилд Венздеј и Оксфорд. Тој бранеше 67 пати за Аргентина и даде голем придонес во освојувањето на Светското првенство во 2022 година.
Јуве претходно беше заинтересиран за Сузуки, а сега повторно го менуваат курсот.
Иако „Атлетик“, неодамна објави дека разговорите меѓу Вила и Јуве за Мартинез ќе продолжат откако клубот од Бирмингем одби понуда од италијанскиот клуб, Јуве се откажа од трката и се насочи кон голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио.
Италијанецот повеќе не е во плановите на лондонскиот клуб – минатата сезона ја заврши како стартер, но тренерот Роберто Де Зерби потврди дека во иднина прв голман ќе биде Антонин Кински.
Викарио има 29 години и има договор со Тотенхем до 2028 година. Тој пристигна во Лондон во 2023 година, а претходно играше за Емполи, Каљари, Перуџа, Венеција и Удинезе.
Јуве моментално ги има Микеле Ди Грегорио, Матијас Перин и Карло Пинсоли како голмани.
Foto/ Depositphotos
