По шпекулациите во италијанските и шпанските медиуми, Јувентус и официјално потврдија дека си заминуваат од Европската Суперлига, каде што остануваат само Реал Мадрид и Барселона, и преку соопштението демантираат дека имало закани од УЕФА за потенцијално исклучување од натпреварувањата.
„По шпекулциите кои се појавија во денешните медиуми, компанијата Јувентус информира дека им соопштиле на двата преостанати клубови, дека го искористиле своето право за старт на дискусиите за потенцијален излез од проектот Суперлига. Компанијата ќе продолжи со сите законски прцедури, објаснувајќи дека другите детели во моедиумите, вклучувајќи ги заканите за потенцијални казни од УЕФА не се вистинити“, се вели во објавата на Јувентус.
Проектот на Суперлигата стартуваше во април 2021 година со 12 клуба, покрај трите преостанати тука беа и Милан, Интер, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем, Ливерпул и Челси. Под притисок на јавноста и навивачите, англиските клубови бргу се повлекоа, по што остана само тројката Реал-Барселона-Јувентус.