Top Sport

Јуве со пенал во 89. минута извлече реми на „Дерби д’Италија“

Интер и Јувентус одиграа 1:1 реми во првото „Дерби д’Италија“ оваа сезона, резултат со кој гостите на „Џузепе Меаца“ треба да се позадоволни, бидејќи до него дојдоа во 89. минута од мечот.

Актуелниот шампион Интер дојде во водство во 17. минута од мечот, кога Хакан Чалханоглу упати фантастичен удар од далечина кој заврши во стативата, а Џеко се најде на вистинското место да ја смести топката зад грбот на Војчех Шчесни.

Меѓутоа, ова не беше доволно за победа и покрај тоа што Интер имаа повеќе од игра во текот на целиот меч – во 89. минута беше досуден пенал за Јувентус, кој сигурно го реализираше Дибала.

Резултатот не им одговара на двете екипи – Интер останува на третото место, но со само 18 поени, дури осум зад лидерите Наполи и Милан, додека Јувентус се шести со 15 поени, десет зад првото место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top