Top Sport

Јуве титулата ја прослави со реми, Наполи го „разби“ Интер (видео)

Кој сè ќе патува во Лигата на шампионите од Италија ќе се дознае во последното коло, откако Јувентус одигра само 1:1 со Аталанта во мечот во кој ја прославуваше својата титула, додека Наполи го „уништи“ Интер со 4:1 на „Сан Паоло“.

Овие резултати значат дека борбата за првите четири места во лигата се компликуваат. Јуве се сигурни на првото место со 90 поени, како и Наполи со 79 поени, по што следува вистинскиот хаос – Аталанта е трета со 66 поени, Интер четврти со 66, додека Милан има 65 на петтото место пред Рома со 63. Во последното коло, Аталанта го пречекува Сасуоло, Интер го пречекува Емполи, додека Милан гостува кај СПАЛ.

„Празничната“ атмосфера на „Алијанц стадионот“ во Торино, каде што се славеше скудетото ја наруши Словенецот Јосип Иличиќ со гол во 33. минута од мечот, а поен за „старата дама“ спаси Марио Манџукиќ во 80. минута. Во Неапол пак, Интер прими три гола за 15 минути во второто полувреме, пред Мауро Икарди во 81. минута да го постигне утешниот гол од пенал.

Scroll to Top