Јувентус успеа да ја победи Болоња со 2:1 во осмото коло, во Серија А. На клупата на Болоња седеше Синиша Михајловиќ, кој пред три месеци објави дека му е дијагностицирана леукемија. Тој доби овации од целиот стадион.
На теренот Јувентус доминираше, а на крајот победата му ја сочува легендарниот Џиџи Буфон со спектакуларна одбрана во последните секунди од натпреварот.
Првиот гол на мечот го постигна Кристијано Роналдо во 19 минута. Девет минути подоцна израмни Данило.
Во второто полувреме нова предност на Јувентус му донесе Миралем Пјаниќ во 54 минута.
Во финишот на натпреварот во 94 минута Федерико Сантандер најпрвин ја погоди гредата, а во продолжението на акцијата истиот играч се обиде со ножички но Буфон успеа спектакуларно да го одбрани неговиот удар.