Top Sport

Јувентус бесплатно ќе го добие Луис Суарез

Луис Суарез најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Новиот тренер на Барселона Роналд Куман по доаѓањето во клубот му соопшти на Уругваецот дека нема да му бидат потребни неговите услуги.

Суарез нема ништо против да ја напушти Барселона, но само под услов клубот да го пушти без обесштетување. Напаѓачот е врзан со договорот за Барселона до 30 јуни 2021 година.

Како стојат работите Барселона ќе му ја исполни желбата. На овој начин двете страни ќе бидат задоволни, Барселона ќе се ослободи од високата плата која ја има фудбалерот, а Уругавецот ќе може да си одбере клуб по желба и да го наплати тоа.

Наводно тој веќе се договорил со Јувентус да потпише две годишен договор вреден 15.000.000 евра по сезона, што значи дека само Кристијано Роналдо би имал поглема плата од него.

Луис Суарез во 2014 година за 80.000.000 евра од Ливерпул се пресели во Барселона. За „Блауграна“ одиграл 283 натпревари, постигнал 198 голови.

 

Scroll to Top