Top Sport

Јувентус без Роналдо против Ајакс

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјавил дека мали биле шансите Кристијано Роналдо да биде целосно подготвен за првиот меч против Ајакс, во Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо се повреди на квалификацискиот натпревар помеѓу Португалија и Србија (1:1), одигран минатиот понеделник во Лисабон.

Откако се врати во Торино, од клубот соопштија дека Роналдо ќе биде подготвен за првата четврт-финална пресметка со Ајакс, меѓутоа Алегри не е сигурен во овие тврдења.

Португалецот не играше против Емполи, а ќе го пропушти и утрешниот натпревар против Калјари.

„Крстијано работи напорно за што поскоро да се врати во тимот. Се надевам дека ќе биде во конкуренција за дуелот со Ајакс, но ќе биде тешко“, рекол Алегри на денешната прес конференција.

„Даглас Коста се чувствува добро и ќе биде подготвен за натпреварот со Калјари. Сами Кедира вчера тренираше и тој би можел да настапи викендов против Милан. Ќе мора да видам каква е состојбата со Паоло Дибала, додека Марио Манџукиќ е болен“, информирал Алегри.

Scroll to Top