Top Sport

Јувентус би му понудиле повеќегодишен договор на Гринвуд

Јувентус се подготвени да му дадат на Мејсон Гринвуд долгогодишна позајмица од Манчестер јунајтед ова лето, сигурни дека ќе го привлечат со шансата да игра покрај својот поранешен соиграч Пол Погба, тврди „Сан“.

Гринвуд беше уапсен во јануари 2022 со обвинувања за силување и физички напад над својата девојка, по што веднаш беше суспендиран. Но, во февруари оваа година, обвиненијата беа повлечени, а тој повторно е со истата девојка. Тој останува суспендиран на „Олд Трафорд“ додека трае интерната истрага во клубот, но се верува дека тие нема да ризикуваат и да го вратат во тимот и покрај тоа што се работи за фудбалер произлезен од нивната академија.

21-годишниот Гринвуд има договор со Јунајтед до 2025 година, и зарабоува 75.000 фунти неделно, а според „Сан“, покрај Јувентус за него се заинтересирани и Милан во Серија А како и повеќе турски клубови.

Scroll to Top