Top Sport

Навивачите на Беневенто го „бркале“ тимскиот автобус на автопат

Лутите ултраси на Беневенто со повеќе минибуси го нападнале автобусот во кој се наоѓал тимот на автопатот Болоња-Фиренца, по што фрлале со камења по автобусот и се обиделе да ги скршат прозорците со метални шипки.

За среќа, фудбалерите останале безбедни, по што се вратиле во својата база со полициска придружба.

Навивачите се лути што Беневенто, тимот кој во 2020/21 беше во Серија А се наоѓа на последното место во Серија Б, со речиси сигурно испаѓање во третата лига по вчерашниот пораз од Читадела.

Scroll to Top