Јувентус е во пол позиција за трансферот на Пол Погба, откако од трката се повлекле Реал Мадрид и Интер, тврди „Газета дело Спорт“.
Според овој извор Реал и Интер се откажале поради обесштетувањето од 100 милиони евра што го бара Манчестер Јунајтед.
„Газета дело Спорт“ пишува дека покрај Јувентус во трката за потписот на погба остана и Пари Сен Жермен.
Јуветус биле фаворити бидејќи имале скриени адути во ракавот. Јуве како дел од обесштетувањето може да ги понуди Адреиан Рабио и Арон Рамзи. Јунајтед минатото лето беа заинтересирани за овие фудбалери, меѓутоа тие решија како слободни играчи да потпишат за „старата дама“.
Претпоставките се дека доколку во пакетото влезат Рабио и Рамзи дека Јунајтед ќе бараат уште и 30 милиони евра.