Јувентус ја одбрани титулата во италијанската Серија А и на две коло пред крајот, се промовираше во старо-нов шампион. Вечерва „Старата дама“ од Торино со 2-0 славеше против Сампдорија во последниот натпревар од 36-тото коло и на тој начин се одлепи на недостижни 7 бода пред второпласираниот на табелата – Интер.
Цело полувреме Јуве се мачеше со жилавата екипа од Џенова, а отпорот беше скршен дури во седмата минута од продолжението на првото полувреме. Пјаниќ изведе слободен удар оддесно, го пронајде Кристијано Роналдо на работ на шеснаесетникот, а овој со силен удар го матираше противничкиот голман Аудеро.
Јуве ја имаше доминацијата, но и Самп имаше свои шанси.
Сепак, домашните искористија една контра за да го дуплираат водството. Во 67 минута Игуаин повлече контра, му додаде на Роналдо кој без размислување биеше. Голманот на гостите одбрани и кратко ја одби топката на која натрча Бернадески и ја смести во мрежата за 2-0.
До крајот на мечот, домашните „ја спуштија топката“. Сепак се створи и трета прилика за гол. Во 89 минута Јуве доби пенал. Фабио Депаоли прежестоко стартуваше со казнетиот простор и Роналдо доби можност за нов погодок. Сепак, не успеа и остана 2-0.
Роналдо стигна до 31 погодок во Серија А сезонава, има 3 помалку од водечкиот стрелец, Имобиле од Лацио.
Јувентус стигна до деветтата титула во низа.