Top Sport

Јувентус: Емре Џан вреди повеќе од 23 милиони евра

Челниците на Јувентус очекувале нивните колеги од Дортмунд да ја зголемат финансиската понуда за Емре Џан, во спротивно нема да го испратат овој фудбалер на позајмица, тврди „Скај Спорт Италија“.

Емре Џан изминатите три недели се поврзува со транфер на „Вестфален“ меѓутоа челниците на клубовите не можат да се договорат околу обесштетувањето.

Од Дортмунд во Торино пристигнала понуда Џан да биде позајмен до крајот на сезоната, а потоа клубот да плати за него 23 милиони евра.

Јувентус побарале повеќе пари, односно процениле дека нивниот играч вреди 30 милиони евра.

Клубовите имаат време да постигнат договор до петок на полноќ кога завршува зимскиот преоден рок.

Scroll to Top