Top Sport

Пандев се враќа во Интер!?

Челниците на Интер имаат уште два дена да му ја исполнат и последната желба на тренерот Антонио Конте. Откако тимот се засили на страничните позиции со Виктор Мосес и Ешли Јанг, а во редот за врска пристигна Кристијан Ериксен, на Конте му недостига уште само напаѓач.

Тренерот на Интер бара уште еден напаач кој ќе им биде конкуренција на Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез. Тој тргна по Оливие Жиру од Челси, а потоа и по Фернандо Љоренте од Наполи, но барем засега Интер тешко дека ќе донесе некој од овие двајца напаѓачи.

Попладнево италијанскиот новинар, експерт за трансфери Едуаро Ди Марцио, објави дека Интер се заинтересирани за својот поранешен играч, Горан Пандев.

Капитенот на Македонија е дел од најславната генерација на клубот, која под водство на Жозе Мурињо ја освои тројната круна.

Пандев го носеше дресот на интер од 2009 до 2011 година. Тој се га е во Џенова каде игра во извонредна форма и се обидува да му помогне на тимот да избори опстанок.

Scroll to Top